Bülent Ersöz
20 Март 2016•Ажурирај: 21 Март 2016
ЧАНАККАЛЕ (AA) - По повод одбележувањето на 101-годишнина од Поморската битка кај Чанакале, градот на северозападот на Турција, околу 100 возачи и сопственици на олд тајмери со своите "миленици" во недела стасаа на полуостровот Галиполе, кај Чанаккале, јавува Anadolu Agency (AA).
Возачите и сопствениците на олдтајмерите се со намера да ја одбележат годишнината на една од најкрвавите битки во Првата светска војна, на Галиполе стасаа од сите делови на Турција, само од Истанбул стасаа 27.
Присутните, меѓу кои се наоѓаат и членовите на Здружението на сопствениците на првите класични автомобили во Турција (TIKOD) одадоа почест на загинатите во војната.
Битката кај Чанакале, во Европа е позната како Битка на Галиполе, и е една од најкрвавите и најжестоктие битки во Првата светска војна, но и по многу показатели во историјата воопшто.
Поморската битка, која помеѓу 3 ноември 1914 и 18 март 1915 година е водена кај Галиполе, како и копнената битка која на Галиполе се одвиваше од 25 април 1915 до 9 јануари 1916 година, се битките кои завземаат најзначајно место во Турција, па и во историјата на муслиманските народи во овој дел од светот.
Гласноговорникот за медиуми на "TIKOD" Бурхаетин Гедик рече дека членовите на здружението и нивните семејства на Галиполе дојдоа со цел да се сетат на борците кои загинаа пред 101 година и на соодветен начин да им одадат почест.
"Со овие наши пријатели секоја година ќе ги посетуваме нашите спомен-обележја", рече Гедик, кој додаде дека одредени возила на членовите од Здружението биле користени и во многубројни снимања на турските филмови.