Özcan Yıldırım
14 Септември 2016•Ажурирај: 15 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Најмалку седуммина припадници на терористичката организација ПКК се неутрализирани во антитерористичките операции што турските вооружени сили ги спроведуваат во граничната област на Чукурџа, во југоисточната покраина Хакќари, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската армија соопшти дека антитерористичката акција на периферијата на Чукурџа, во близина на турско-ирачката граница е продолжена.
Во соопштението се вели дека денес артилериските сили уништиле терористичко засолниште во една пештера на планината Чилекли и дека притоа неутрализирани се најмалку седуммина терористи.
Од Генералштабот, исто така, соопштено е дека во последните неколку дена на тоа подрачје се неутрализирани најмалку 195 терористи.
Планинските падини во подрачјето Чукурџа, во пограничната покраина Хакќари, се важна рута на терористите на ПКК кои делуваат во планините на југоисточниот дел од Турција и во северен Ирак. Во последниве неколку дена, турските сили ги интензивираа операциите за да ги неутрализираат терористичките елементи во регионот.
Сепаратистичката организација ПКК се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и во Европската Унија, а станува збор за група којашто веќе над 3 децении води оружена кампања против Турција.