АНКАРА (АА) - ЃОКСЕЛ ЈИЛДИРИМ -
Турција врши повеќенасочни активности, со цел да ги исполни своите потреби на воздушната одбрана, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на Мапата на патот за воздушна и ракетна одбрана на Турција, се создаваат проектни модели за развивање на способностите за воздушна и ракетна одбрана на земјата, при што, можностите во земјата се користат на максимално ниво.
За развивање на моделите во земјата се спроведуваат активности под водство на турските компании, за кои, доколку е потребно, се добива техничка поддршка од странските фирми, институции и организации.
Покрај тоа, во проектите, чии активности за дизајнирање и развивање се завршени, се вршат активности за планирање за периодот на сериско производство во кое ќе играат ефективна улога помошните индустрии, како и малите и средните претпријатија.
За оваа цел, користејќи ги актуелните можности и капацитети на другите компании од одбранбената индустрија, особено на АСЕЛСАН и РОКЕТСАН, се спречува повторување на инвестициите, но се обезбедува и одржливоста на секторот, со цел да биде конкурентен во странство.

Една од значајните стратешки цели на воздушната одбрана е реализирање на проектите кои ќе служат за слоевитата воздушна одбрана на Турција, при што, ќе се користат можностите и капацитетите во земјата во насока на секторот на одбранбената индустрија.
Во рамките на оваа стратегија, учествувајќи во работните подгрупи на НАТО и во меѓудржавните соработки во одбранбената индустрија, внимателно се следат методите кои се применуваат во светот, во насока на развивање и производство на системите за воздушна одбрана.
Земајќи ги предвид потребите околу верзиите во земјата и верзиите за извоз на системите развиени во рамките на проектот Хисар, се вршат студии за проширување на опсегот на над 40 километри.
Постои цел проектилот „Воздух-воздух“, кој ќе се развие во рамките на проектот Ѓоктуг, да се користи од копнените системи развиени во рамките на проектот Хисар.
Исто така, ќе се завршуваат и тестирањата за интеграцијата на системот, развиен во рамките на проектот Коркут, во поморската платформа. На тој начин ќе се овозможи задоволување на потребите за системот на поморските сили.

- Продолжуваат успешните тестирања на Хисар -
Успешно се реализирани тестирањата на воздушните одбранбени проектили „Хисар“, кои се развиени во соработка на АСЕЛСАН и РОКЕТСАН, во координација на Потсекретаријатот за одбранбена индустрија.
Проектилите за противвоздушна одбрана што летаат на ниска височина (Хисар-А/15 километри) и на средна височина (Хисар-О/25 километри), чии тестирања се реализирани, развиени се со цел заштита на воените бази, пристаништа, објекти и трупи од воздушни закани.
Се очекува дека „Хисар-А“ во 2020 година ќе почне да се користи во 2020, а „Хисар-О“ во 2021 година.

Системот „Коркут“, чија достава до Командата на копнени сили започна, ќе се користи и во заштитата на воените бродови против проектилите.
Системот „Коркут-Д“, произведен како прелиминарен прототип за оваа намена, со поддршка на Командата на поморските сили е интегриран во бродот за обука „С. Мехмет паша“. Тестирањата направени со овој систем покажаа дека „Коркут-Д“ може да се користи во одбрана на бродовите од проектилите.

- Стратегијата на долг дострел -
Потребата од одбранбени ракетни и воздушни системи со долг дострел, Турција ќе ја исполни со ракетниот систем „S-400“, кои набргу ќе го купи од Русија.
Исто така, Турција, која среднорочно, ќе се насочи кон развој на заеднички системи со други земји, во партнерство со АСЕЛСАН, РОКЕТСАН и со ЕУРОСАМ, продолжува со работите за утврдување на концептот на еден систем, понапреден од системот за воздушна одбрана „SAMP-T“.
Долгорочно, постои цел Турција да поседува целосно домашен воздушен и ракетен одбранбен систем со долг дострел.