Sibel Uğurlu
29 Јуни 2018•Ажурирај: 29 Јуни 2018
ХАКЌАРИ (АА) - „Турските вооружени сили (ТСК) неутрализираа десет терористи на ПКК во северниот дел на Ирак и во југоисточниот дел на Турција“, соопшти денес Генералштабот на ТСК, пренесува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на ТСК на Твитер објави дека терористите биле неутрализирани вчера во северните ирачки ирегиони Хакурк и Кан Раш, и во турската покраина Хакќари.
Меѓу неутрализираните бил и Хамза, кој има прекар Ахмет Ташчи, и кој се споменува на сивата листа барани лица на Министерството за внатрешни работи на Турција.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Европската Унија и САД. За време на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 лица.