Barış Seçkin
21 Јуни 2017•Ажурирај: 21 Јуни 2017
РИМ (AA) - Гласноговорничката на УНХЦР во Италија Карлота Сами по повод Светскиот ден на бегалците на конференцијата за медиумите во Рим изјави дека Турција е земја која прими најголем број на бегалци, додавајќи дека тој факт често се занемарува, јавува Anadolu Agency (AA).
Истакна дека резултатите од извештаите на УНХЦР покажаа дека во светот моментално се наоѓаат 65,6 милиони бегалци од кои 40,3 отсто се интерно раселени.
Додаде дека 2,8 милиони, од вкупниот број бегалци во светот, веќе поднеле барање за азил во другите земји.
Нагласи исто така дека Турција веќе трета година по ред прифаќа најголем број бегалци.
„Турција е земја кога прифати најголем број бегалци. Ова често се заборава. Турција тоа го прави и покрај чувствителната ситуација во таа земја и нејзиното соседство", рече Сами, потсетувајќи дека во Турција моментално се наоѓаат над три милиони бегалци.
Алепираше на постигнување договор со Либија во врска со бегалците, како оној што претходно го потпишаа Европската унија (ЕУ) и Турција.
„Безбедноста во Либија е сериозен проблем, а нестабилноста крајно загрижувачка. Ние како агенција на ОН во таа земја сакаме да ги интензивираме нашите активности. Прашањето на бегалците сакаме од тука да го реализираме", рече Сами.
Истакна на крајот дека единствен проблем не претставуваат само бегалците од Сирија.
„Овие денови не загрижува и Јужен Судан. Во таа земја има околу 3,8 милиони бегалци и луѓе без кров над главата. Имаме криза која секој ден се повеќе расте. Сето ова е многу загрижувачки, бидејќи жените и децата ги сочинуваат повеќето од луѓето кои бегаат од судири. Тие луѓе останаа без било какви средства за живот", рече гласноговорничката на УНХЦР во Италија.
Предупреди дека е тешко да се очекува дека луѓето ќе престанат да пристигнуваат во Европа се додека во другите делови во светот траат оружените судири и терористички напади.