Bedrudin Brlyavac
20 Јуни 2017•Ажурирај: 21 Јуни 2017
БРИСЕЛ (AA) - Полицијата ја евакуираше Централната станица во Брисел по дојавата за експлозија, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните медиуми наведуваат дека лицето кое носело појас со експлозив наводно е "неутрализирано" во рамките на станицата.
Полицијата наведе дека се работи за "помала експлозија" во станицата.
Освен железничката станица, евакуирано е и подрачјето околу градскиот плоштад "La Grande Place".
Белгиската полиција соопшти дека состојбата е под контрола.
Потсетуваме, во нападите во март 2016 година на аеродромите и метро станицата во Брисел, загинаа 32 лица. Одговорност за нападите презеде терористичката организација ДЕАШ.