Dejan Maksimoviç
30 Јуни 2018•Ажурирај: 01 Јули 2018
КАЗАН (AA) – Француската репрезентација е првиот учесник во четвртфиналето од Светското првенство во Русија. Триколорите во Казан во осмина финалето ја совладаа Аргентина со резултат 4:3, јавува Anadolu Agency (AA).
Французите поведоа веќе во 11. минута од натпреварот, кога Антони Гризман реализираше пенал. По почетната доминација на Франција, Аргентина воспостави рамнотежа на теренот. Натпреварот на почеток го прави Ангел Ди Мариа со преубав погодок со преку 20 метри во 42. минута.
Во преостанатиот дел од натпреварот имаше уште пет погодоци. Започна извонредно за Аргентинците, кои во 48 минута со голот на Габриел Меркада направија пресврт во резултатот во своја корист и поведоа со 2:1. Но, следуваше фуриозен период на Франција, која од 57 до 68 минута доаѓа до големите 4:2 и го решава прашањето на победникот.
Головите ги дадоа Бењамин Павард и два пати Килиан Мбапе. Натпреварот го заокружи Сергио Агуеро со погодокот во втората минута од судиското надополнување.
Франција во четвртфиналето го чека дуелот со подобриот од вечерашниот натпревар помеѓу Уругвај и Португалија.
Преостанатите парови од осмина финалето од Светското првесно се: 30 јуни: Уругвај - Португалија, 1 јули: Шпанија - Русија, Хрватска - Данска, 2 јули: Бразил - Мексико, Белгија - Јапонија, Шведска - Швајцарија, Колубија - Англија.