Besar Ademi
18 Мај 2016•Ажурирај: 19 Мај 2016
СКОПЈЕ (АА) - Заменик помошникот на државниот секретар на САД задолжен за прашања за Еврпа и Азија , Хојт Брајан Ји, кој е во посета на Македонија, со цел да се најде решение за политичката криза, денес одржа одвоени средби со лидерите на четирите најголеми партии, јавува Anadolu Agency (AA).
Разговорите Хојт Ји ги започна со лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, а потоа продолжи со лидерот на Социјал-демократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Зоран Заев, Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, и лидерот лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
По состанокот со Хојт Ји, лидерот на ДПА, Мендух Тачи, рече дека без помош од страна на меѓународната заедница, политичката криза ќе се продлабочи уште повеќе. Тој додаде дека меѓународната заедница, особено САД, покажаа голем интерес за надминување на политичката криза во земјата. Лидерот на ДПА, Тачи, исто така ја коментираше одлуката на Уставниот суд да ги запрре сите изборни дејства и за измените на Изборниот законик за кој се гласаше во Собранието, наведувајќи дека се работи за договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
„Одлуката на Уставниот суд е одлуката на договорот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Зад оваа одлука стои ставот на ДУИ и ВМРО во тие тешки и мачни преговори што ги имавме минатата недела дека после оваа одлука би требало да се врати старото владеење на ВМРО и на ДУИ. Тоа нема никаква логика. Мислам дека треба итно да започнат преговорите и лидерите на сите четири најголеми партии заеднички да донесеме одлуки", изјави Тачи.
Преку соопштение за медиуми од СДСМ известија дека претседателот на оваа партија Зоран Заев се сретнал со Хојт Ји, при што му е соопштен ставот дека едностраните одлуки, насилното поништување на техничката влада ја усложнуваат длабоката криза и ја загрозуваат иднината на државата. Нема да дозволиме некој да ја држи Македонија во заложништво. Според нив, решение на политичката криза теба да се бара во договорот потпишат помеѓу четирите најголеми партии во земјава, како и создавање на потребните услови за одржување на слободни и демократски избори.
Во меѓувреме, американската амбасада во земјата ја поздрави одлуката на Уставниот суд, барајќи итно поништување на одлуката за аболиција.
Како што е наведено во соопштението на амбасадата, договор од Пржино останува најдобриот начин за излез на земјата од сегашната криза.
„Одлуката на Уставниот суд отвара пат за свикување на Собранието за да се откажат изборите на 5 јуни. Ова пак, претставува обновена можност за Собранието и за политичките лидери, да покажат на дело дека се силно посветени на Пржинскиот договор и неговите начела: владеење на правото, одговорност, инклузивност и кредибилни избори. Оваа рамка и понатаму претставува најдобар начин за земјата да излезе од сегашната криза", се вели во денешната реакција на американската Амбасада во Скопје.