?kipa
24 Јули 2018•Ажурирај: 24 Јули 2018
НИКОЗИЈА/АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакна дека Турција е подготвена за каква било помош за гасење на пожарот во Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во случај на потреба, нашите авиони и хеликоптери за гасење пожар се подготвени да тргнат кон Грција“, порача Чавушоглу.
Чавушоглу, за време на заедничката прес-конференција со претседателот на Турската Република Северен Кипар, Мустафа Акинџи, во рамките на неговата посета на оваа земја, изрази жалење поради пожарите во Грција.
„Сакам да упатам сочуство до грчкиот народ и Влада. Изутрина телефонски разговарав со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, и упатив сочуство до него, и реков дека можеме и дека сме подготвени да понудиме помош. Потоа тој разговараше со надлежниот министер, и истакна дека моментално немаат потреба од помош, и ми упати благодарност“, рече Чавушоглу.
Тој нагласи дека Коѕиас рекол оти веќе се очекува да започне да паѓа дожд. „Како и да е, ние кажавме дека сме подготвени. Во случај на потреба, нашите авиони и хеликоптери за гасење пожар се подготвени да тргнат кон Грција“, додаде турскиот министер за надворешни работи.