Besar Ademi
14 Јуни 2016•Ажурирај: 15 Јуни 2016
СКОПЈЕ (АА) - Началникот на Генералштабот на вооружените сили на Република Чешка, Јозеф Бечвар, денес престојува во дводневна посета на Македонија. Делегацијата на вооружените сили на Чешката република, придружуван од амбасадорот на Чешка во Македонија, Мирослав Рамеш, беше примен со воени почести од страна на началникот на Генералштабот на вооружените сили на Република Македонија (АРМ) Методија Величковски, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералот Јозеф Бечвар официјалната посета ја започна со средба со генералот Методија Величковски, по што се одржа средба меѓу делегациите на двата штаба.
Како што објави АРМ, на средбата беа презентирани мировните мисии во коишто има учествувано АРМ предводени од ОН, НАТО и ЕУ, активностите за меѓусебна соработка и можностите за користење на воените капацитети на двете земји.
Меѓу другото, се дискутираше и за вклучување на македонската армија во чешкиот проект за паметна одбрана во логистичкото обезбедување „Мултинационален логистички координативен центар“ и заедничкото учество на престојните воени вежби „Способен логистичар 2019“.
Началникот на Генералштабот на вооружените сили на Република Чешка за време на својот престој во земјата ќе биде примен од страна на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, а утре ќе ја посети кулата за набљудување на македонско-грчкиот граничен премин „Богородица”, каде ќе се одржи брифинг со претставници на чешките полициски сили кои се ангажирани да помогнат во справувањето со бегалската криза.