Ekipa
29 Јули 2018•Ажурирај: 30 Јули 2018
МАДРИД (АА) - Шпанската поморска служба за спасување соопшти дека се спасени 123 мигранти од Северна Африка кои се обидувале да го преминат Средоземното Море, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од службата истакнаа дека мигрантите ги спасиле од 12 различни бротчиња кои утрово ги пресретнале спасувачките тимови во близина на Гибралтарскиот Проток.
Најновиот бран мигранти уследи откако Шпанија спаси речиси 1.000 лица што се упатиле на опасното патување од африканскиот до европскиот брег во петокот и саботата.
Шпанија прими над 20.000 мигранти кои пристигнаа по морски пат во Шпанија во 2018 година. Ситуацијата во Либија и одбивањето на Италија да им дозволи на бродовите за спасување да се закотват на нејзина територија го отежнува патот на мигрантите кон Италија и Европа.
Трговците со луѓе превезуваат мигранти во мали чамци кои не се погодни за отворено море. Оваа година загинаа над 1.500 лица во обид да го минат Средоземното Море.