Dzihat Aliju
10 Мај 2017•Ажурирај: 11 Мај 2017
СКОПЈЕ (АА) - Јалчин Топчу, главниот советник на турскиот претседател, во рамките на својата посета на Македонија одржа одделни средби со македонскиот министер без ресор, Бејџан Илјас и со заменик-министерот за култура, Драган Недељковиќ, јавува Anadolu Agency (AA).
Топчу во својата изјава за медиумите, по средбата со министерот Илјаз, изрази задоволство што се наоѓа во пријателската земја Македонија по повод Неделата на турскиот филм.
Топчу во текот на средбата истакна дека има можност да го пренесе поздравот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и на турскиот народ до македонскиот народ и македонската држава. „Во изминатите денови, во Македонија се случија некои настани што ги натажија Турција и турскиот народ. Го изразуваме нашето задоволство во врска со достигнатата точка во оваа ситуација“, вели тој.
Опозицијата во една демократија, како што рече Топчу, е неопходна, и според него, една конструктивна, директна, одговорна и позитивна опозиција е пожелна опозиција.
„Се надевам дека Македонија своите политички прашања ќе ги реши со толеранција и со усогласување. До денес, ние како Турција дадовме целосна поддршка за Македонија, ова ќе продолжи и ќе се засили. Бидејќи турскиот народ тука има роднини, има сограѓани, има соверници. Во врска со мирот на Балканот, Македонија се наоѓа на една клучна точка. Затоа за Турција е многу важно македонскиот народ вечно да живее во безбедност, слобода, благосостојба, единство. Посакуваме ова да продолжи. Ние како Турција, со целата наша сила, моќ, сме со Македонија и со македонскиот народ“, истакна Топчу.
Од друга страна, министерот Илјаз му се заблагодари на Топчу за неговата посета, и истакна дека таа се случува во еден многу значаен период, и е посредник во обновувањето на поддршката што Турција ѝ ја дава на Македонија.
Топчу на овие средби беше придружуван од страна на амбасадорката на Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара и од пратеникот на АК Партија, Метин Ѓундогду.