Elvir Hocic
11 Јули 2017•Ажурирај: 12 Јули 2017
МЕКСИКО СИТИ (АА) - Археолозите во Мексико неодамна открија објект со цилиндрична форма во чии ѕидини се вградени речиси 700 човечки черепи, а станува збор за археолошко откритие кое наметнува нови прашања за културата на цивилизацијата на Ацтеките во тоа подрачје, јавува Anadolu Agency (AA).
Таканаречената „кула од черепи“ е пронајдена во непосредна близина на храмот „Templo Mayor“, еден од најголемите храмови во престолнината на Ацтеките Теночтитлан, денешен Мексико Сити.
Археолозите сметаат дека станува збор за черепи на Ацтеките-воини, а и самите археолози се изненадени од фактот дека не станува збор само за черепи на мажи, туку и на жени и деца.
Тоа е првиот знак дека во тоа време во борбите учествувале и жени и деца.