Barış Seçkin
11 Октомври 2017•Ажурирај: 12 Октомври 2017
РИМ (АА) - Меѓународната кампања за укинување на нуклеарното оружје (ICAN), добитник на овогодишната Нобелова награда за мир, наградата им ја посвети на жртвите од нуклеарно оружје, јавува Anadolu Agency (AA).
За вложените напори за да се спречи распространувањето на нуклеарното оружје, минатата недела на меѓународната кампања ICAN (ИЦАН) ѝ беше доделена Нобеловата награда за мир.
На преставничката на Кампањата ICAN во Рим ѝ беше доделена наградата „Златен гулаб за мир“, на 33. церемонија за доделување на оваа престижна награда.
Сузи Шнајдер, член на Извршниот одбор на ICAN и лидер на кампањата „Не инвестирај во бомби“, во Рим ја прими оваа награда во името на ICAN, а со новинарот на АА зборуваше за Нобелова награда за мир, која оваа година ѝ е доделената на ICAN.
Шнајдер изјави дека не очекувале да ја добијат Нобеловата награда за мир и додаде: „Навистина сум многу возбудена, од друга страна збунета. Во собата викнав: 'Што се случува'. Тоа е неверојатен момент. Оваа награда го покажува вложениот труд на целата ICAN, 101 земја-членка на ICAN, 460 организации, и истовремено соопштувам дека Нобеловата награда за мир им е посветена на сите жртви од нуклеарно оружје“.
Во врска со нуклеарната програма што САД ја потпиша со Иран во 2015 година, Шнајдер рече: „Договорот кој е постигнат со Иран е многу добар договор. Тоа е можност за заштита на животите и за запирање на нуклеарната програма. Тоа е еден сон. Затоа ние тоа го поддржуваме. Поддршка ни даваат и нашите пријатели. Ние и нашите пријатели треба да го зачуваме ставот и да ја заштитиме нашата поддршка“.
За зголемената тензија меѓу САД и Севернa Кореја, Шнајдер го рече следното: „САД и Северна Кореја треба да стават крај на меѓусебните недоразбирања и да престанат со воените игри што ги играат заедно со оние што се околу нив. Потребно е да седнат на заеднична маса и преку разговор да постигнат договор. Само во тој случај можеме да поверуваме дека Земјата е безбедно место за живот“, прокоментира Шнајдер.