Fatih Erel
25 Јануари 2018•Ажурирај: 25 Јануари 2018
ДАВОС (АА) - Меѓународната кампања за укинување на нуклеарно оружје (ICAN), која минатата година ја доби Нобеловата награда за мир, го предупреди американскиот претседател за големата можност од нуклеарна војна, повикувајќи ја меѓународната заедница да не ја игнорира нуклеарната закана, јавува Anadolu Agency (AA).
„Многу сме загрижени во врска со новата политика на Трамп за нуклеарното оружје, која го намалува интензитетот на употребата, а развива порасположливо нуклеарно оружје“, изјави за АА извршната директорка на ИКАН, Беатриче Фин, во интервјуто во швајцарскиот град Давос.
„Една работа која навистина не ни е потребна во моментот е Трамп кој мисли дека има многу порасположливо нуклеарно оружје, а јас мислам дека ни треба спротивното. Така што малку е загрижувачко, ова е многу негативен развој“, вели Фин.
Меѓународната кампања за укинување на нуклеарно оружје (ICAN) е глобална коалиција на граѓанското општество на невладини организации од повеќе од 100 земји кои работат за забрана на нуклеарното оружје.
Групата, со над 460 партнерски организации, е движечка силa во ветувањата на земјите за елиминирање на нуклеарното оружје во согласност со договорите на ОН.
„Јас сум тука да разговарам со другите светски лидери и да ги охрабрам сите да се придружат кон договорот за укинување на нуклеарното оружје“, вели таа.
Фин изјави дека ИКАН упатила барање за средба со официјални претставници од администрацијата на Трамп, но рече дека допрва треба да добијат одговор од нив.
Во врска со нуклеарната криза на Северна Кореја таа изјави: „Мислам дека тензиите продолжуваат да се зголемуваат и намалуваат. Ако сега е подобро, не мора да значи дека ситуацијата ќе се влоши за две-три недели. Мислам, сè може да се случи“.
„Сè додека постои нуклеарното оружје, постои ризик дека ќе биде употребено. Ако го задржиме нуклеарното оружје засекогаш, тоа ќе се користи“, предупреди Фин.
„Ние одбројуваме до денот кога и каде ќе биде употребено тоа, освен ако не се ослободиме од него“, истакна таа.
Во врска со можноста за укинување на нуклеарното оружје во светот, таа рече: „Имаме можност да се ослободиме од него сега, или да се ослободиме откако ќе биде употребно повторно“.
- Прашањето за нуклеарното оружје е од големо значање колку и прашањето за климатските промени -
„Ова е прашање од висок приоритет. Сведоци сме на тензиите минатата година. Глобалната заедница повеќе не може да ја игнорира нуклеарната закана. Ова прашање е од големо значење како и прашањето за климатските промени“.
„Ова е итна закана која моја да се реши. Бидејќи ако не направме ништо, нуклеарното оружје ќе се употреби и ние сите ќе мора да се справиме со нуклеарна војна. Тоа ќе биде катастрофално“, вели таа.
На Еконмскиот форум во швајцарскиот град Давос присуствуваат над 3.000 учесници од повеќе од 110 земји и над 340 јавни личности, вклучувајќи повеќе од 70 државни и владини челници и 45 челници на меѓународни организации.
Исто така, во Давос присуствуваат и 10 шефови на држави од Африка, девет од Блискиот Исток и Северна Африка, шест од Латинска Америка и 40 лидери од Западот.