Servet Günerigök
23 Мај 2020•Ажурирај: 25 Мај 2020
ВАШИНГТОН (АА) - „Спејс екс“ (SpaceX) е подготвен за пренесување на двајца астронаути на НАСА на Меѓународната вселенска станица следната недела, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ракетата „Фалкон 9“ во среда ќе ги пренесе астронаутите Роберт Бенкен и Даглас Харли со вселенското летало на компанијата, „Crew Dragon“.
Лансирањето, што ќе се случи во вселенскиот центар „Џон Ф. Кенеди“ на Флорида, ќе биде првата мисија со екипаж од САД по последниот лет на вселенски шатл во 2011 година.
„Мисијата го заврши прегледот за подготвеноста за летот“, напиша на Твитер Џим Бриденштајн, администраторот на вселенската агенција.
„Ние сме подготвени за лансирање! Заврши прегледот за подготвеноста на летот и мисијата слободно може да започне“, напиша Брајденштајн.
„Спејс екс“ е приватна компанија која носи сателити во орбитата и доставува карго до Меѓународната вселенска станица.
Се очекува американскиот претседател Доналд Трамп да го посети центарот и да присуствува на лансирањето.