Zehra Ulucak
23 Ноември 2015•Ажурирај: 24 Ноември 2015
Анкара (АА) – Идниот месец во Мароко ќе се отвори гигантска енергетска централа на соларна енергија која ќе обезбедува струја за потребите на еден милион лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според ББС, на локација со големина на главниот град Рабат, ќе се постави Ouarzazate соларна централа.Таа е изградена од панели кои преку ден го следат движењето на сонцето, а преку ноќ топлинската енергија ја претвораат во електрична.
Во почетокот по стемнувањето, централата ќе произведува три часа електрична енергија, а се очекува оваа енергетска централа 20 часа дневно да произведува струја.