Anas Mezzour,Gülşen Topçu
20 Март 2016•Ажурирај: 22 Март 2016
РАБАТ (АА) - Најмалку две лица загинаа, а 49 се повредени во тепачка на фановите на Мароканскиот фудбалски суперлигаш од Казабланка, јавува Anadolu Agency (AA).
Тепачката помеѓу двете групи на навијачкиот клуб Раџа Казабланка дојде веднаш по синоќешната игра што овој тим ја одигра на својот стадион против ривалите Риф Хоча.
Фудбалскиот клуб Рајо Казабланка славеше синоќа на својот стадион победа во натпреварот против екипата Риф Хоча, но по играта дојде до голем немири и тепачки меѓу неколку групи на домашната публика.
Мароканската новинарска агенција објави дека во хулиганските немири загинаа најмалку две лица, во болница се однесени 49 повредени.