Murat Karadağ
01 Декември 2016•Ажурирај: 01 Декември 2016
МЕКСИКО (АА) - Во мексиканскиот антички град Тлателолко е пронајден храм стар повеќе од 650 години, за кој се претпоставува дека бил изграден во чест на „богот на ветрот“, јавува Aandolu Agency (AA).
Храмот е пронајден во текот на археолошките ископувања на местото на срушениот супермаркет. Тој е висок 1,2 метри и долг 11 метри.
Националниот координатор за археологија на Мексиканскиот институт за национална антропологија и историја, Педро Франциско Санчез Нава рече дека надворешниот дел на храмот е сочуван во голема мера.
Истражувачот Едуардо Maтос Моктезума вели дека античките населби Тлателолко и Теночтитлан во Мексико биле комерцијални и политички центри пред да биде преземена земјата од Шпанците во 1521 година.
Според него, Тлателолко е последното место кои дало отпор против шпанската окупација.