Gülşen Çağatay
16 Ноември 2019•Ажурирај: 18 Ноември 2019
АНКАРА
- Ѓулшен ЧАГАТАЈ
Продажбата на електрични возила минатата година во однос на претходната е зголемена за 66% и на светско ниво се користат над 5 милиони вакви возила.
Разгледувајќи ги информациите што Меѓународната агенција за енергија (IEA) ги објави во Извештајот за светскиот преглед за енергијата во 2019 година, дојде до податоците дека само минатата година се продадени повеќе од 2 милиони електрични возила.
Може да се забележи дека врз продажбата на електричните возила на светско ниво свое влијание имале политиките за животната средина што ги спроведуваат владите, даночните олеснувања, намалувањето на трошоците за производство. Поради зголемувањето на енергетската ефикасност, последните години е зголемена тенденцијата за користење на електричните возила.
Со просечната продажба на електрични возила која на годишно ниво достигна 2 милиони, до 2025 година се очекува во светот да се користат 10 милиони возила, а до 2040 година, таа бројка да достигне 30 милиони.
Според објавените податоци, минатата година, во споредба со претходната, зголемена е продажбата на електрични возила за 66% и нивниот број на светско ниво надмина 5 милиони.
- Се зголемува значењето на технологијата на акумулаторските батерии
Може да се забележи дека зголемената продажба на електрични возила влијае врз падот на трошоците за производство на акумулаторски батерии. Се очекува развојот на технологијата за производство на батериите до средината на 2020 година и трошоците за производство на акумулатори за 1 киловат час да паднат под 100 долари.
Пред пет години, цената за киловат час изнесуваше 650 долари.
Од друга страна, и покрај зголемените побарувања за електрични возила од страна на земјите во развој, постои загриженост поради недостигот на станици за електрично полнење на возилата.