Alııa Raımbekova
06 Февруари 2020•Ажурирај: 08 Февруари 2020
НУРСУЛТАН (АА) - Капсулата „Сојуз МС13“, по мисијата на Меѓународната вселенска станица, слета во Казахстан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Руската вселенска агенција (ROSCOSMOS) се наведува дека капсулата во која се наоѓаа рускиот космонаут Александар Сквортсов, астронаутката на американската Агенција за авијација и истражување на вселената (НАСА), Кристина Коч и астронаутот на Европската вселенска агенција (ESA), Лука Пармитано, во 15:12 часот по локално време слета на територијата на Казахстан.
Се наведува дека здравствената состојба на посадата е добра.
„Сојуз МС13“ е лансиран на 20 јули 2019 година.