Lejla Bıogradlıja,Mustafa Talha Öztürk
05 Февруари 2020•Ажурирај: 08 Февруари 2020
БЕЛГРАД (АА) - Фестивалот за воздухопловство, вселена и технологија ТЕХНОФЕСТ, првите меѓународни проектни аплицирања оваа година ќе ги прими од балканските земји, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Најголемиот технолошки настан на Турција, ТЕХНОФЕСТ, оваа година ќе се одржи во Газиантеп, од 22 до 27 септември. Аплицирањето за странските проекти во соработка со Институтот „Јунус Емре“ ќе може да се реализира во Србија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Албанија и Косово.
Претставниците на Институтот „Јунус Емре“, кои работат во балканските земји, во Белград, главниот град на Србија, одржаа координативна средба за да ги оценат условите за аплицирање за ученици од основни и средни училишта од земјите во регионот.
Аплицирањето треба да се направи преку Фондацијата Т3, а опфаќа повеќе од 23 различни области. Учениците, чии апликации ќе бидат прифатени, ќе одат на фестивалот ТЕХНОФЕСТ што ќе се одржи во Газиантеп.
На ТЕХНОФЕСТ ќе се реализираат технолошки натпревари во 23 категории како што се иновации во биотехнологијата, едукативни технологии, дизајн на хеликоптери, дизајн на млазни мотори, земјоделски технологии, технологии за животна средина и енергија и паметен транспорт.
Со цел да се поддржат проектите на илјадници млади кои работат на овие полиња, на тимовите кои ќе ја поминат предизборната фаза ќе им биде обезбедена вкупна материјална поддршка од над 4 милиони турски лири (околу 600.000 евра).
Тимовите кои ќе се квалификуваат за пласман на ТЕХНОФЕСТ во Газиантеп, ги чекаат награди од над 3 милиони турски лири (450.000 евра).
Минатата година, на технолошките натпревари од 19 категории од сите 81 општина во Турција и од 122 различни земји од светот, учествувале 17.373 екипи и 50.000 ученици.