Emel Gözellik
01 Јуни 2020•Ажурирај: 01 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Кина лансираше во орбитата уште два сателита, по двата технолошки пробни сателита што ги лансираше во саботата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „Глобал тајмс“ („Global Times“), сателитите биле лансирани вчера во 16:53 часот по локално време со ракетата „Long March 2D“.
Се вели дека сателитите биле лансирани од Центарот за лансирање сателити „Џиучуен“.
Во веста се нагласува дека еден од сателитите ќе биде користен за кинеските проекти за изградба, урбанистичко планирање и управување со катастрофи.
Инаку, Кина во саботата лансираше двa технолошки пробни сателитa во орбитата за набљудување на Земјата.