Emre Aytekin
03 Јуни 2020•Ажурирај: 04 Јуни 2020
АНКАРА - Ракетата на компанијата „Спејс икс“ успешно слета на површината на Земјата откако претходно ја испорача двочлената американска екипа на астронаути на Меѓународната вселенска станица во орбитата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од компанијата информираат дека повеќекратната употреба на ракетата „Фалкон 9“ по враќањето на Земјата слетала во Атлантскиот Океан и синоќа на пловечка платформа пристигнала во пристаништето Канаверал на Флорида.
Објавени се и фотографии на ракетата која во пристаништето пристигнала со помош на платформа со автономно управување.
Американските астронаути Даг Харли и Боб Бенкен полетаа со ракетата лансирана на 30 мај и по речиси 19 часа лет пристигнаа на Меѓународната вселенска станица.
Историската мисија на НАСА и „Спејс икс“ е остварување на главната цел на НАСА, како што ја формулираше шефот на агенцијата, Џим Брајденштајн, а тоа е повторно испраќање во вселената на „американски астронаути со американска ракета од американско тло“.
Овој лет е важен и за почетокот на ерата на комерцијални вселенски летови, бидејќи капсулата и ракетата која полета во Земјината орбита е сопственост на приватната компанија „Спејс икс“. Нејзиниот основач и сопственик е познатиот американски милијардер Елон Маск.
Американските астронаути во последните девет години летаа кон Земјината орбита со руската ракета „Сојуз“.