Alma Çekovic
19 Јуни 2016•Ажурирај: 20 Јуни 2016
СМЕДЕРЕВО (АА) - Со приемот во вилата „Златен брег”, некогашната летна резиденција на династијата Обреновиќ, претседателот на Кина, Си Џинпинг, ја заврши својата тридневна посета на Србија, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, приреди прием на кој присуствуваа претседателот на Србија Томислав Николиќ, членовите на кинеската делегација и српската влада како и други официјални лица.
Третиот ден од официјалната посета на Србија, Си Џинпинг, заедно со претседателот на Србија, Томислав Николиќ, ја посети „Железара” во Смедерево, која кинеската компанија „Хестил” ја купи пред два месеци.
Со посетата на железарницата „Железара” во Смедерево воедно се заокружи тридневната посета на кинескиот претседател на Србија при што претседателите поставија темелник за идниот Културен центар на Кина, одадоа почест на кинеските државјани за време на НАТО бомбардирањата на СР Југославија во 1999 година, одржаа неколку билатерални состаноци и потпишаа 22 договори, како и договорот за стратешко партнерство на двете земји.
Третиот ден од посетата на Србија, претседателот на Кина го започна со положување венец на споменикот на Незнаниот јунак на Авала, оддавајќи почит на паднатите борци од 1912 до 1918 година.