Mehmet Alaca
02 Февруари 2022•Ажурирај: 03 Февруари 2022
МЕКСИКО СИТИ (АА) - Мексико ја започна својата прва сопствена мисија за истражување на Месечината и тоа во рамките на проектот наречен КОЛМЕНА, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Енрике Грау Вичерс, претседателот на Националниот автономен универзитет во Мексико (UNAM), соопшти дека започнале мисија која треба да трае најмалку 30, а најмногу 60 дена.
Вичерс додаде дека целта на мисијата е да се постават пет автономни микроровери на површината на Месечината.
Во соопштението на Министерството за надворешни работи на Мексико се наведува дека роверите веќе се наоѓаат на американското вселенско летало „Перегрине“ и дека се очекува да слетаат на Месечината во јуни.
Проектот КОЛМЕНА се реализира во партнерство со УНАМ, Мексиканската вселенска агенција и Лабораторијата за вселенски инструменти (LINX).
Генералниот директор на Мексиканската вселенска агенција, Салвадор Ландерос Ајала, изјави дека КОЛМЕНА ќе биде првиот мексикански проект во врска со истражувањето на Месечината и најави уште неколку такви проекти.