Göksel Yıldırım
01 Јули 2022•Ажурирај: 03 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Турскиот софтвер кој го разви компанијата ХАВЕЛСАН ќе се користи во мултинационалната поморска безбедносна вежба на НАТО, која ќе ги опфати мерките за обезбедување на пловидбите против киднапирање на бродови и дејствувањето на пиратите во Западна Африка, јавува Агенција Анадолија (АА).
ХАВЕЛСАН е турска компанија за софтвери и системи која е присутна во одбранбениот и ИТ секторот.
Откако во 2012 година е воспоставен Центарот за поморска безбедност на НАТО во командата на Поморската база Аксаз, тој служеше на национално ниво пет години. Поради меѓународната природа на поморската безбедност, центарот во 2020 година е акредитиран од страна на НАТО, а особено во рамките на борба против транснационалниот поморски криминал.
Центарот за извонредност на поморска безбедност денеска извршува задачи во рамките на поморската безбедносна интероперабилност со 30 земји на НАТО, во областа на обуката, вежбите, концептот, стандардизацијата и анализата во областа на поморската безбедност.
ХАВЕЛСАН на тој начин го обезбеди модулот на вежби на третата мултинационална вежба за поморска безбедност која е одржана во ноември 2021 година, во која 25 земји беа набљудувачи.
Четвртата верзија на вежбата ќе биде одржана во 2023 година. Во оваа вежба фокусот е на земјите од западна Африка со посебен фокус на Нигерија, кои ќе бидат поканети во Туркије.
Вежбата ќе пружи придобивки за регионалната и меѓународна безбедност и безбедност во пловењето на трговски бродови под турско знаме.
Протоколот за соработка потпишан меѓу ХАВЕЛСАН и Центарот за извонредност на поморската безбедност на НАТО има за цел користење на моделите на податоци, системите за поддршка во одлучувањето за поморската безбедност, модулот на вежби во стандардите на НАТО и тоа турската одбранбена индустрија ќе стане центар во таа смисла.
Генералниот директор на ХАВЕЛСАН, Мехмет Акиф Наџар изјави дека системите како што се ГЕНЕЗИС и АДВЕНТ, развиени заедно со турските морнарички сили, успешно функционираат и дека станале меѓународно пожелни.