Ali Murat Alhas
05 Јули 2022•Ажурирај: 06 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Група турски научници се подготвува да го воведе новиот метод на лекување базиран на употребата на протеини во човековото тело за зајакнување на структурата на вилицата и на забите, и да го забрза процесот на заздравување по стоматолошките операции, јавува Агенција Анадолија (АА).
Напорната работа на групата составена од д-р Ајлин Сепиџи Динчел, д-р Алтај Улудамар и д-р Ердал Ергунол конечно вроди со плод по три и пол години опширно истражување откако Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO) ја одобри употребата на методот, кој ќе биде под заштита на правата за патент во 156 земји.
Процесот се реализира бидејќи успешно беа завршени испитувањата на третманот на животни и фазните тестирања се сè уште во тек, според Улудамар, кој рече дека целта била да се спречи губењето на забите и да се намали времетраењето на процесот на заздравување во стоматолошките третмани.
„[Третманот] ќе обезбеди побрзо закрепнување и ќе создаде структура на коска со висок квалитет со употреба на сопствениот механизам на телото“, рече Улудар, и притоа додаде дека протеинот извлечен од телото на пациентот ќе се користи за третман кој може локално да се аплицира.
Тој нагласи дека би било можно формирање на ново коскено ткиво, оштетено од болести на гингивата, доколку се постигне понатамошен напредок, со што губењето на забите би се минимизирало.
„Нашите експериментални истражувања се во тек и ние го планираме започнувањето на клинички истражувања што е можно поскоро“, додаде тој.
Истакнувајќи дека било многу тешко да се стигне до меѓународен патент во секторите поврзани со здравството, тој исто така рече дека извештајот на Светската организација за интелектуална сопственост го смета методот на лекување како „нов, оригинален и индустриски прифатлив“ и дека турските научници ќе бидат првите професионалци кои ќе го користат овој пристап.