Ekipa
05 Септември 2018•Ажурирај: 09 Септември 2018
ДАКА (АА) - Тим истражувачи од Бангладеш создадоа технологија за дијагностицирање канцер преку тест на крвта, по многу пристапна цена, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Процесот на дијагностицирање трае само 5 минути, а чини околу 6 долари“, објавија локални медиуми, цитирајќи го истражувачкиот тим од обраќањето на прес-конференција во Дака.
„Штом се изработи направата, ќе може да детектира канцер за 5 минути и ќе чини околу 500 таки (6 долари)“, истакна Јасмин Хак, професор на отсекот Физика при Универзитетот за наука и технологија „Шахџалал“ (SUST).
Истражувачкиот тим и универзитетската администрација аплицираа за права врз патентот во САД и Бангладеш, за технологијата „Метод и систем базиран на нелинеарна оптичка карактеристика на телесна течност за дијагностицирање на неоплазија“.
Хак, кој е раководител на истражувачкиот тим, тврди дека за првпат во светот ќе може да се дијагностицира канцер со употреба на нелинеарна оптика.
Тој додаде дека технологијата ќе стане оперативна во текот на следната година.
Министерот за образование на Бангладеш, Нурул Ислам, откритието го нарече историско за земјата.