Ekipa
03 Јуни 2018•Ажурирај: 04 Јуни 2018
ВИЛНУС (АА) - Започна воената вежба која ја спроведува американската војска со 18.000 војници од 19 земји, првенствено членки на НАТО, пренесува Anadolu Agency (AA).
Американската војска во Европа денес соопшти дека вежбата „Saber Strike 18“ ќе продолжи во регионот до 15 јуни. Вежбите имаат за цел демонстрирање посветеност и солидарност на НАТО во време кога руските воени маневри сè повеќе ги загрижуваат земјите-членки на Алијансата во овој регион.
Американската војска во Европа нагласи дека „Saber Strike 18“ не е провокација на Русија.
НАТО распореди околу 6.000 војници во Полска и балтичките земји Естонија, Латвија и Литванија.
Министерството за одбрана на Литванија најави и почеток на најголемата национална воена вежба во таа земја, „Громова бура“, со околу 9.000 војници.
Израел кој не е членка на НАТО, за првпат учествува во „Saber Strike 18“.