Nazmi Abdurahmani
14 Јануари 2016•Ажурирај: 16 Јануари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Резултатите од испитувањата за различни генетските,наследните и малигните заболувања кои ќе бидат направени во лабораториите во рамките на Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија "Георги Д. Ефремов " во Скопје отсега ќе бидат меѓународно признати благодарние на акредитацијата на лаборатории, јавува Anadolu Agency (AA).
По овој повод, заменик-министерот за образование и наука на Република Македонија, Спиро Ристовски рече дека e направен голем чекор кон акредитација на лаборатории кои покрај научната дејност можат да вршат и комерцијални тестирањa на различни болести.
"Денес сме тука за да одбележаме многу важен исчекор, односно втората фаза од процесот на набавка и можноста за примена на лабораториска дејност на процесот на акредитација. Оваа лабораторија е сега комплетно акредитирана, фактички, основните седум методи од оваа лабораторија се акредитирани, со што секое испитување кое што се врши во рамките на оваа лабораторија и во овој институт од аспект на рана дијагностика на разни генеткси болести, наследни и малигни болести, и останатите можности кои се овозможени со оваа лабораторија, сега се и регионално и меѓународно признати", рече Ристовски.
Потоа тој додаде дека процесот на набавка на 80 лаборатории, 42 од нив се акредитабилни, 11 имаат веќе завршено процесот на акредитација. Во следните месеци се очекува дополнителните три лаборатории да завршат со акредитацијата на Факултетот за инженерство, а и воопшто до средината на оваа календарска година се очекува сите други лаборатории да го завршат процесот на акредитација.
Ристоски рече 30 од нив, кои се веќе акредитибилни се во завршната фаза на деталите во врска со добивање на сертификати од надлежниот Институтот за акредитација на Република Македонија.