Alperen Aktaş
23 Септември 2024•Ажурирано: 26 Септември 2024
ИСТАНБУЛ (АА) – Спејс икс (SpaceX) има за цел да лансира на Марс пет мисии без екипаж на вселенскиот брод Старшип за две години, објави извршниот директор Илон Маск на Х, јавува Анадолу.
Маск претходно посочи дека првите лансирања ќе се случат кога ќе се отвори следниот преоден прозорец Земја-Марс за две години.
Тој истакна дека временската рамка за мисии со екипаж ќе зависи од успехот на овие летови без екипаж, со можни лансирања со екипаж за четири години, доколку мисиите без екипаж бидат успешни. Во спротивно, би можеле да бидат одложени за уште две години.
Претходно годинава, Маск прогнозираше дека првиот Старшип без екипаж ќе слета на Марс за пет години, а првото слетување со екипаж ќе се случи во рок од седум години.
Во јуни, Старшип успешно ја заврши целосната пробна мисија, слетувајќи во Индискиот Океан по хиперсоничното враќање од вселената. Маск е со идеја Старшип да биде повеќенаменско вселенско летало за мисии на Месечината и Марс.
НАСА ја одложи мисијата Артемис 3, која се потпира на Старшип на Спејс икс, за септември 2026 година, поместувајќи ја од оригиналниот распоред, крајот на 2025 година.
Јапонскиот милијардер Јусаку Маезава ја откажа својата приватна мисија на Месечината со Старшип поради несигурности во временската рамка за развој на ракетата.