Emre Aytekin
13 Мај 2017•Ажурирај: 14 Мај 2017
АНКАРА (АА) - Со вселенскиот телескоп „Хабл“ на Националната администрација за аеронаутика и вселена (НАСА) е снимена фотографија на „галаксии близнаци“, фотографија на разминувањето на две галаксии кои поминале многу блиску една до друга во созвездието Зајак (Лепус), кое се наоѓа на оддалеченост од 500 милиони светлосни години, јавува Anadolu Agency (AA).
НАСА на својата интернет-страница ја објави фотографијата со висока резолуција на ова разминување наречено "IRAS 06076-2139".
Од објективот на телескопот Хабл може да се види разминувањето на двете галаксии, минувајќи блиску една до друга, со брзина од 2 милиони километри на час.
Научниците истакнаа дека ваквата интеракција на галаксиите може да доведе до тоа едната галаксија да ја проголта другата, да го узурпира нејзиното место, дури и може да се судрат и целосно да се уништат.
Исто така, научниците информираа дека „галаксиите близнаци“ нема да доведат одредени последици коишто ќе ја нарушат меѓусебната целовитост, но покрај тоа, како што велат тие, неизбежно е менувањето на внатрешната структура на галаксиите поради взаемната гравитација.