Ebru Şengül Cevrioğlu
04 Мај 2022•Ажурирај: 05 Мај 2022
ИЗМИР (АА) - Платформата за следење на перформансите заснована на вештачка интелигенција за соларни електрани, развиена од турската софтверска компанија „Loggma Digital Energy Solutions“ во западниот град Измир, се најде на меѓународниот пазар, извезувајќи во пет земји, известува Агенција Анадолија (АА).
Компанијата разви алгоритам за откривање на проблеми со перформансите на електраните, нивните инвертери и панели.
Мустафа Озан Тунџан, ко-основачот на компанијата, во ексклузивно интервју за АА, за платформата „Solarify“, која е развиена со 100 отсто внатрешни студии за истражување и развој, истакна дека таа ги анализира записите на податоците за период од минимум 40 дена до три месеци, откривајќи ги проблемите со перформансот на соларната електрана.

Со оглед на тоа што одржливоста игра клучна улога во секторот за обновливи извори на енергија, Тунџан истакна дека дигиталните решенија ќе имаат централна улога во помагањето за стабилноста на перформансите на електраната во текот на нејзиниот животен циклус.
Оваа врвна технологија им дава на соларните електрани дополнителна предност во ефикасноста преку системот за следење што ја евидентира и контролира ефикасноста на системот на постројката за да го максимизира производството. Дополнително, системот за далечинско следење обезбедува проток на податоци 24/7 со моментално известување и анализа на перформансите.
Надвор од системот за далечинско следење, „Solarify“ го поедноставува и управувањето со операциите во соларните централи кои обично се дистрибуираат додека се компатибилни со сите видови инвертери, метри, сензори и марки и модели на анализатори.

„Невозможно е да се инсталираат инвертер и сензор на секој панел бидејќи тоа би било скапо. Затоа, станува тешко да се следи работата на соларните панели и затоа го развивме ‘Solarify’ “, рече Тунџан.
Благодарение на „Solarify“, Тунџан објасни дека соларна централа со капацитет од еден мегават-пик (MWp) може да произведе повеќе или помалку 57 мегават-часови (MWh) дополнителна електрична енергија во просек годишно.
Платформата моментално се извезува во пет земји, Украина, Грција, Сенегал, Португалија и Непал.

Сепак, компанијата има за цел да го прошири својот досег подалеку од сегашниот удел од 10 отсто на турскиот пазар.
Веќе го зголеми својот профил на клиенти со додавање на систем за управување со средства на платформата „Solarify“, привлекувајќи компании како „Siemens“, „Hanwha Q-Cells“ и „Japan Energy Capital“.
„Наш приоритет е да го прошириме нашето портфолио во Европа, проследено со Далечниот Исток, Кореја и Јапонија. Сакаме да сме присутни и во САД“, рече Тунџан.
Тој, исто така, рече дека Турција е еден чекор понапред во снабдувањето со производи за дигитализација во секторот за обновливи извори на енергија во однос на глобалниот развој.

Сепак, Тунџан посочи дека има побавен раст на страната на побарувачката со оглед на недостатокот на знаење на клиентите за технолошкиот развој, заедно со заблудата присатна на пазарот.
„Како што стареат електраните и се појавуваат проблеми, забележуваме зголемен интерес на клиентите за дигитални решенија за зголемување на ефикасноста и долговечноста на постројката. Сега добиваме пет пати повеќе нарачки отколку пред две години“, истакна тој.
Компанијата, исто така, неодамна дизајнираше нова платформа, Enerify, за употреба во сите постројки за обновлива енергија, со цел да се помогне во управувањето со енергијата преку анализа на потрошувачката и производството преку една платформа.