İsmail Şen
25 Јуни 2019•Ажурирај: 27 Јуни 2019
ЕЛАЗИГ (АА) – Исмаил ШЕН
Двајца турски студенти кои студираат во областа на софтверско инженерство на Технолошкиот факултет во Универзитетот „Фират“, дизајнираа дигитална игра која може да се контролира со човековото тело, со цел превенција на угоeноста, пишува Anadolu Agency (AA).
Студентите од трета година, Кемал Бајрам и Мерт Озтурк, започнаа проект за спречување на децата и младите со часови да играат игри од уредите како компјутери, плејстејшн или паметни телефони, останувајќи без движење.


По работата која траела околу четири месеци, двајцата студенти подготвиле дигитална игра која ја нарекле „Културен тркач“.
Студентот Бајрам за АА изјави дека според меѓународните податоци, во светот над една милијарда луѓе играат компјутерски игри.
Бајрам нагласи дека играњето на овие игри долги часови без движење може да предизвика различни проблеми, и потсети на фактот дека кај лицата кои не се движат се зголемува телесната тежина.
„Денес луѓето играат игри пред компјутер или со паметни телефони кои ги држат во раце, не прават ниту едно движење. Играат само со нивните прсти. За да се избегне ова недвижење, и за да се спречи угоеноста кај децата, развивме една игра, со која веќе нема да се игра седејќи, туку правејќи движења пред екранот“, истакна тој, осврнувајќи се на играта која ја дизајнирале со неговиот пријател.
- „Се охрабривме од технологијата на вештачката интелигенција’
Во врска со софтверот што го развиле, Бајрам рече дека се охрабриле од технологијата на вештачката интелигенција и изработиле софтвер кој ги детектира зглобовите кај луѓето и нивните движења.
„Нашата игра може да се игра насекој копјутер кој има солидна графичка картичка со помош на камера приклучена на компјутерот. По инсталирањето на играта, треба да се оддалечите 1,5 метри од компјутерот, за на тој начин камерата да може целосно да ве детектира и вие можете да почнете да играте. Во играта е вклучен еден карактер, а со време играта ќе ја надградиме. Карактерот во играта постојано трча и пред него постојано се поставуваат пречки кои треба да ги помине. Играта работи на тој начин што ги детектира нашите движења пред камерата. Неки препреки се кршат, а некои се прескокнуваат и сето тоа вие го правите со вашето тело.“, нагласи Бајрам.
Тој рече дека во играта сакаат да користат историски и туристички локации во Турција, со цел играта да се искористи и во промовирање на нивната земја.