Burak Bir
17 Ноември 2019•Ажурирај: 19 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Турција сега може да се пофали со 1.100 станици за следење земјотреси и да помогне во предвидување на потресите и за заштита на јавната безбедност низ целата земја, соопштија денес властите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Агенцијата за управување со вонредни ситуации на Турција (AFAD), која ја поседува втората по големина мрежа за следење земјотреси во Европа, основана во 2009 година, на Твитер објави дека ја поставила својата 1.100-та мониторинг-станица.
„Со втора по големина мрежа за следење земјотреси во Европа, можеме да ги мериме земјотресите многу попрецизно“, се додава од АФАД, кој делува во рамките на турското Министерство за внатрешни работи.
Сместена на Северно-анадолискиот расед, Турција е земја подложна на земјотреси, во кои има изгубено голем број жители.