АНКАРА (АА) – Од страна на тројца студенти од Факултетот за инженерство при Универзитетот „Башкент“ во Анкара, развиен е робот кој овозможува инсертите од длабочина на водата со висока резолуција да се префрлат во контролниот компјутер, така што, операторите, без да се симнат во длабочините можат да ги направат неопходните контроли, пишува Anadolu Agency (AA).
Професорот д-р Тахир Јавуз, од Факултетот за инженерство, инаку раководител на проектот, во изјавата за дописникот на АА рече дека роботот е опремен со технологија која може да работи во длабоки води и во услови кои го загрозуваат здравјето на луѓето. Тој, исто така, изјави дека роботот е развиен од страна на студентите како финален проект на нивните студии.
Истакнувајќи дека „беспилотниот подводен робот“ е изработен од хардвер и софтвер, професорот Јавуз појасни дека роботот, податоците кои ги добива под вода ги пренесува на компјутер.
- Во опасни ситуации ќе ги замени луѓето -
Професорот Јавуз, во однос на тоа каде ќе се употребува роботот, истакна дека развиениот „беспилотен подводен робот“ се состои од технолошка опрема која може да дејствува наместо луѓето во опасни ситуации и длабоки води.
„Оваа технологија може да се користи за поправка на брани и мостови, одржување на водените патишта и за заштита на историските објекти. Малите пукнатини под вода на тие структури можат да создадат голема опасност. Роботот кој го нарековме „ParsyROV“ овозможува инсертите од длабочина со висока резолуција да се префрлат во контролниот компјутер. На тој начин, без да се симнете под вода можете да ја направите неопходната контрола“, нагласи Јавуз.
Покрај мануелната контрола, „ParsyROV” вклучува и супериорна технологија за вештачка интелигенција.
„Роботот, кој ги открива пукнатините во ѕидовите и темелите под вода ги пренесува на главниот компјутер. Покрај тоа, со роботска рака која е негов составен дел, под вода со голема леснотија може да ги врши операциите како што се дупчење, сечење и монтажа“, вели професорот.
- Со микроробот може да влегува во многу тесни места -
Деканот на Факултетот за инженерство при Универзитетот „Башкент“, д-р Берна Денгиз, истакна дека најважната функција на „беспилотниот подводен робот“ е тоа што има технологија на микроробот, и на тој начин во длабоките води може да добие слики дури и од најтесните канали.
Денгиз, исто така, потсети дека роботот го освоил третото место на натпреварот „MATE TOV 2019“, одржан во Истанбул.
news_share_descriptionsubscription_contact
