Sarp Özer
13 Октомври 2019•Ажурирај: 14 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Успешно и според планираното се одвива операцијата „Извор на мирот“ во источниот дел на Еуфрат, а терористите почнаа да ги напуштаат своите оружја и да се предаваат на безбедносните сили, при што се предадоа 24 терористи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од безбедносните извори, операцијата „Извор на мирот“ против терористите во североисточниот дел на Сирија продолжува успешно и според планираното.
Оваа операција се темели на правата на Турција кои произлегуваат од меѓународното право, правото на самоодбрана и се реализира во согласност со начелата на Повелбата на ОН и резолуциите на Советот за безбедност кои се однесуваат на борбата против тероризмот, и се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Како што беше и во операциите „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“, ТСК и во операцијата „Извор на мирот“ ги таргетираат само терористите и нивните упоришта, засолништа, позиции, оружја, возила и опрема.
Во рамки на операцијата, се придава внимание да не се наштети на можното присуство на елементите од пријателските и сојузничките земји, како и на невините цивили и на историските, културните, верските објекти и инфраструктурата во овој регион.
По погодувањето од копно и од воздух на утврдените цели од страна на ТСК, припадниците на сепаратистичката терористичка организација сфатија дека немаат друга опција, освен да ги остават нивните оружја и да се предадат на безбедносните сили.
Се соопштува дека 24 терористи се предале на турските војници.