Burak Bir
14 Октомври 2019•Ажурирај: 14 Октомври 2019
ШАНЛИУРФА (АА) - Сириската национална војска (СНВ) денеска го постави своето знаме во градот Тел Абјад во северна Сирија, откако го расчисти од терористите на ЈПГ/ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Снимките на АА преку границата во Акчакале, дистрикт во југоисточната турска погранична област Шанлиурфа, ја прикажуваат замената на таканареченото знаме на ЈПГ/ПКК со знамето на Сириската национална војска (СНВ) во западниот дел на Тел Абјад.
Центарот на сирискиот град Тел Абјад е расчистен од терористите на ЈПГ/ПКК вчера, во рамките на турската операција „Извор на мирот“.

Турција на 9 октомври ја започна операцијата „Извор на мирот“ за елиминирање на терористите од северна Сирија, со цел обезбедување на турските граници, да се помогне во безбедното враќање на сириските бегалци и да се осигура територијалниот интегритет на Сирија.
Анкара сака да ја исчисти северна Сирија, подрачјето источно од реката Еуфрат, од терористите на ПКК и нејзиниот сириски огранок ПЈД/ЈПГ.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на терористичката ПКК.