Ekipa
10 Октомври 2019•Ажурирај: 11 Октомври 2019
РАС АЛ АЈН (АА) – Во градот Рас ал Ајн, во сириската покраина Хасека, настанаа судири помеѓу локалните племиња и терористичката организација ЈПГ/ПКК, пренесува Anadolu Agency (AA).
Племето Багара и одредени други племиња им се спротивставија на терористите на ЈПГ/ПКК во селото Умул Хајр од областа Рас ал Ајн на сириска територија, која се наоѓа спроти Џејланпинар, турската област Шанлиурфа.
Голем број племиња контактирале со турските власти за безбедност и побарале поддршка од Турција.
Од друга страна пак, Турските вооружени сили (ТСК) во рамките на операцијата „Извор на мирот“, чија цел е оневозможување на формирањето терористички коридор до јужната граница со Турција и воспоставување мир и спокој во регионот, продолжуваат со артилериско оружје да ги напаѓаат терористичките цели во Рас ал Ајн.
Селим Абдулазиз Муслат, раководител на политичката Канцеларија на племињата во Сирија, претходниот ден на нивните состаноци истакна: „Улогата на Турција за да се обезбеди мир и стабилност и нејзината борба против тероризмот се многу вредни и значајни за нас. Сакаме да кажеме дека од срце ја пoддржуваме операцијата што ја започна Турција источно од Еуфрат.“