Selen Temizer
10 Октомври 2019•Ажурирај: 11 Октомври 2019
АНКАРА (АА) – Независната курдска асоцијација во Сирија соопшти дека ја поддржува операцијата „Извор на мирот“, чија цел е оневозможување на формирањето терористички коридор близу јужната граница со Турција и воспоставување мир и спокој во регионот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Опозициската формација под име Независна курдска асоцијација во Сирија во писменото соопштение истакна: „ПКК и нејзините ограноци во Сирија од самиот почеток го уништија регионот, а Курдите и другите сегменти од регионот ги доведоа во катастрофална состојба.“
Во соопштението се истакнува дека терористичката организација ја имплементира сопствената агенда преку теророт и се додава: „Сакаме да декларираме дека ја поддржуваме операцијата „Извор на мирот“ за воспоставување безбедносна зона и за ослободување на нашиот народ од терористичката организација. Тоа е и национално барање и на Сириската револуција.“
Во соопштението, исто така, се нагласува:
„Ги повикуваме нашите луѓе во регионот да се оддалечат од воените зони, да не ги напуштаат своите домови, и да не ги следат провокативните изјави кои ги шири ПКК/ПЈД, кои ќе му наштетат на нашиот народ и ќе го доведат до катастрофална состојба“, се нагласува во соопштението.
Понатаму се додава дека „припадниците на Сириската национална војска се деца на Сирија и пријатели на турските војници. Заедничкиот непријател на двете армии е терористичката организација ПКК/ПЈД, која треба да биде уништена. Операцијата „Извор на мирот“, покрај тоа што ќе го уништи теророт, ќе обезбеди граѓаните на Сирија да се вратат во своите домови и да живеат достоинствено во безбедносната зона. Се надеваме дека целите ќе бидат постигнати.“
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, соопштувајќи го почетокот на операцијата истакна: „Турските вооружени сили (ТСК) ја започнаа операцијата „Извор на мирот“ против терористичките ПКК/ЈПГ и ДЕАШ во северна Сирија.“