Mehmet Hatipoğlu
22 Декември 2015•Ажурирај: 23 Декември 2015
АТИНА (АА) - Палестинскиот претседател Махмуд Абас рече дека недоразбирањата помеѓу Плаестина и Израел се обидуваат да се прикажат како верски и дека таквата ситуација би можела да доведе до катастрофа во регионот, јавува Anadolu Agency (AA).
Абас денес го следеше гласањето на пратениците во грчкиот Парламент кој ја поддржаа Нацрт-одлуката за признавање на државата Палестина. И се заблагодари на грчката Влада и на народот на оваа одлука.
Како што кажа, оваа одлука е голем извор на морал за палестинсиот народ.
"Им упатувам благодарност на сите земји кој ја признаа Палестина како држава, но ги повикувам и останатите земји кои не го сториле тоа, што поскоро да го направат", порача Абас.
И покрај реакциите на меѓународната заедница, продолжена е израелската окупација на Палестина. Абас потсетува дека е продолжена политиката на доселениците како и расната дискриминација. Исто така, според неговите зборови, се изведуваат напади на светите места на муслиманите и христијаните.
"Недоразбирањето со Израел сака да се прикаже како верски судир. Ваквото нешто го отвора патот на екстремистичките сили од сите страни да говорат со сопствен јазик. Ние тоа не го прифаќаме. Не сакаме да го дадеме оружјето во рацете на овие сили. Тоа би било опасно за целиот регион", појасни Абас.
Порача дека Палестинците се мирољубив народ и дека ја почитиуваат верата на евреите. Потенцираше дека сакаат мир со Израел.
Во случај на воспоставување на мир помеѓу Израел и Палестина, Абас рече дека сите арапски и исламски земји ќе го запознаат Израел и дека неговите државјани ќе можат слободно да патуваат на секое место во светот.
Палестинскиот претседател порача дека палестинскиот народ, кој секојдневно е цел на напади, треба да го заштити меѓународната заедница.
"Ние немаме наше оружје и нема да имаме. Поради тоа сакаме меѓународната заедница да го заштити нашиот народ", додаде Абас.