Mehmet Hatipoğlu
04 Февруари 2016•Ажурирај: 05 Февруари 2016
АТИНА (AA) - Во знак на протестите против најавените реформи на пензискиот систем работниците во јавниот и приватниот сектор денес стапија во еднодневен штрајк, јавува Anadolu Agency (AA).
Денешниот генерален штрајк е органзиран на повик на Конфедерацијата на грчките работници (GSEE), Унијата на вработените во јавниот сектор (ADEDY) и Унијата на работничките движења (PAME), а на овој штрајк вчера му претходеше штрајкот на новинарите и медиумите, поради што денес на трафиките нема ниту весници.
Не работат јавните институции, а во лекарскиот сектор работат само службите за итна помош. Затворени се и судовите, аптеките, музеите, туристичките места и повеќето трговски продавници.
Штрајкуваат и вработените во поморскиот и воздухопловниот сектор, па бродовите останаа на пристаништата, а авионите паркирани на пистите.Меѓународните воздушни линии се одвиваат со поголеми доцнења.
Штрајкот предизвика гужви и колапс во сообраќајот бидејќи сите вработени во јавниот превоз и таксистите стапија во штрајк.
Земјоделците кои веќе со денови со нивните трактори ги блокира меѓуградските патишта, денес се остранија од тие патишта за да им овозможат на демонстрантите да дојдат во градовите во кои се најавени масовни протести.
Атина, Солун, Патра и Лариса се само некои од градовите во кои денеска се одржани масовни протести. Блиску 40.000 демонстранти се собрале на атинскиот Плоштад Омониа и со протестен марш парадираа до Плоштадот Синтагма.
Најмалку четири лица, меѓу кои е и еден новинар се повредени во текот на судирите помеѓу група маскирани демонстранти и полицијата.