СКОПЈЕ (АА) – „Доколку дојде до примена на рестриктивните мерки кон северниот дел од т.н. Балканска рута, продолжувајќи понатаму и во другите земји, дефинитивно тоа би влијаело и врз состојбата со бегалскиот тек од Грција кон Македонија, а македонските власти претходно најавија доколку има затворање на северната граница, веднаш ќе ја затвори јужната граница. Со евентуалното затворање на границите, можам да кажам дека можеме да очекуваме многу страдање за бегалците” , вели во разговор за Anadolu Agency (AA) Мохамед Ариф, претставникот на УНХЦР Македонија, говорејќи за очекуваниот развој на бегалската криза, можноста за затворање на македонската јужна граница, доколку дојде до затворање на северната граница од Србија, Хрватска,Словенија и Австрија.
„Рестрикциите што би се случиле на север од рутата дефинитивно би имале влијание врз состојбата овде и врз бегалскиот тек којшто се движи од Грција кон Македонија и кон Западна Европа. Ги следиме со големо внимание изјавите од Австрија, Словенија и Хрватска коишто посочуваат на намалување на протокот на бегалците.Од друга страна пак имаме сознанија и информации од претходно дека македонската влада има став, дека штом ќе се случи промена на северната граница, веднаш ќе ја затвори јужната граница, и тоа е ставот на македонската влада уште од почетокот на бегалската криза”, вели Ариф, кој потсетува на фактот дека оградата која што државата ја изгради кон Грција, првично беше изградена за да се регулира и канализира протокот на белгалците, а од друга страна значи дека многу лесно може да се затвори границата, кога ќе има потреба, односно кога владата ќе смета дека треба да се затвори границата.
"Доколку се случи да се затворат границите, тоа што можам да кажам дека би го очекувале е големо страдање кај бегалците. Државите се тие кои одлучуваат како да ги управуваат своите граници, но мораат да имаат на ум дека, кога ќе направат затворање на граница, треба да знаат како тоа ќе се одрази на човековите права, на лицата пред кои ја затвораат границата. Не смее да се случи да се повредуваат човековите права на лицата кога се случуваат такви мерки", предупредува Ариф од евентуалните последици кои би ги предизвикале рестриктивните мерки кои би ги презеле земјите, обидувајќи се да ги спречат бегалците да влегуваат во земјите. Ариф укажува дека ставот на УНХЦР е дека при одредување на бегалскиот статус не треба да се работи само врз основа на принципот на националност, туку дека е потребно да се имаат в предвид низа други фактори.
"Според индивидуалните квалификации на случајот се одредува дали тој човек има право на меѓународна заштита или не, заради тоа, навистина многу внимателно треба да се постапува со бегалците", објаснува Ариф, кој смета дека бегалскиот бран ќе продожи и во текот на пролетта и летото доколу не дојде до запирање на војните во земјите од Блискиот Исток.
"Секако, пролетта доаѓа, ќе дојде и летото, тоа е еден од факторите кој влијае на тоа дека ќе има сè уште луѓе, а секако и самиот факт што војните не престануваат ниту во Сирија, ниту во Ирак ниту во Авганистан, тоа ќе значи дека бегалскиот бран ќе продожи да доаѓа", смета тој.
Осврнувајќи се на моменталнта состојба со бегалската криза во земјава, како и со сместувачките капацитети, Ариф објаснува дека во моментот капацитетот на двата прифатни центри за бегалците во Република Македонија, едниот на јужнатата граница и другиот на северната кај Табановце, служат само за транзит и за прифат на бегалците, како и за понудување помош на бегалците за транзит додека се во земјата.
"Тие може да поминат, 6-12 часа, дури, максимум и до 18 часа може да имаат добри услови. Капацитеот за сместување на овие лица е околу 2.000. Во Винојуг 1500 лица и 500 лица во Табановце, но ова е се само за краткотраен престој" , објаснува првиот човек на УНХЦР во Македнија.
- Со прифаќањето на бегалците Турција направи голем хуманитарен гест
Говорејќи во врска со барањето на Репубика Турција да прекинат воздушните напади врз Сирија со цел да се запре големиот бегалски бран, Ариф вели дека станува збор за добра иницијатива, која секако би предизвикала намалување на бегалскиот бран, но за запирање на бегалскиот бран потребно е изнаоѓање на целосно решение кое би довело до запирање на целата војна не само на воздушните напади.
"Секое насилство, сите напади секако водат до раселување на нови луѓе и доколку сопрат воздушните напади секако би било добро, но мора да се изнајде, целосно решение, за целата војна, не само за нападите. Мора да се најде причината за раселувањето каде што се водат војните во Ирак, Авганистан и Сирија. Таму каде што се водат војните, таму треба да се сопре војната дури потоа да се создадат услови за да може луѓето потоа да се враќаат", смета Ариф, кој вели дека Турција игра многу важна улога при сместувањето на бегалците, земјаќи го в предвид фактот дека досега оваа земја примила повеќе од 2,5 милиони бегалци на кои им обезбедила хумани услови за сместување. Ариф потенцира дека одговорноста и товарот за решавање на бегалската криза не ѝ припаѓа само на Турција или било која друга дружава, туку одговорот лежи во заедничко решение, каде што посебно треба да се вклучат земјите членки на ЕУ.
"Навистина, тоа е великодушно. Турција сместува повеќе од 2,5 милиони бегалци. Се работи за огромен број луѓе на коишто им обезбедува помош и тоа е огромен хуманитарен гест што Турција го прави, таа ги споделува своите ресурси. Својата инфраструктура, своите услуги со бегалците што е секако за пофалба и за признание. Но сепак, мора да се напомене дека не може една земја да биде одговорна за изнаоѓање на решение на кризата. Ова мора да биде одговор од сите земји заедно, посебно членките на Европската унија, кои мора да изнајдат сеопфатно и великодушно решение и сите мора да учествувааат бидејќи не може една, две, или три земји да учествувааат во решението, туку ова мора да го направиме сите заедно. Морам да напоменам дека членките на унијата, немаат само правна, туку, тие имаат исто така и морална одговорност да им помогнат на бегалците", истакнува Ариф.
Тој вели дека важно е да се каже дека македонските власти и македонските граѓани со сите свои расположливи ресурси им укажаа голема поддршка и помош на бегалците кои транзитираат низ земјава.
"Треба да се потенцира дека македонската влада и македонскиот народ со ограничените ресурси што ги има, со помош на УНХЦР, УНИЦЕФ, и другите агенции на ОН и другите невладини организции од земјава обезбедија помош за преку 700 илјади бегалци коишто поминаа низ земјава, тоа треба да се призане. Меѓународната заедница треба да ѝ даде помош на земјата", потенцираше Ариф.
На 18.02.2016, во четврток, во Загреб претставниците на полициите на земјите од т.н Балканска рута (словенска, хрватска, австриска, српска и македонската полиција) договорија нов начин на профилирање и регистирање на бегалците кои од Грција влегуваат во Макеонија, каде што ќе се врши нивно профилирање и регистирање.