Aslı Aral
24 Јануари 2017•Ажурирај: 24 Јануари 2017
ЛОНДОН (АА) - Британската премиерка Тереза Меј оваа недела ќе ја посети Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
По посетата на Соединетите Американски Држави (САД), Меј ќе ја посети Турција, каде што на 28 јануари ќе оствари средба со претседателот на државата, Реџеп Таип Ердоган, и со премиерот Бинали Јилдирим, се вели во соопштението од Канцеларијата на премиерката.
Меј минатата година ја презеде функцијата премиер на Велика Британија, а за време на посетата на Турција ќе се разговара за борбата против терористичката организација ДЕАШ, за ситуацијата во Сирија, како и за билатералните политички и трговски односи.
Меј на 26 и 27 јануари ќе престојува во посета на САД, каде што ќе се сретне со претседателот Доналд Трамп.