Diyar Güldoğan
27 Јануари 2017•Ажурирај: 27 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Кремљ денес потврдува дека рускиот претседател Владимир Путин во сабота ќе оствари телефонски разговор со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, јавува Anadolu Agency (AA).
Според руската новинска агенција ТАСС, портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков го потврди закажаниот телефонски разговор.
Путин претходно изјави дека Москва ќе одреди како ќе ги обнови врските меѓу Русија и САД врз основа на политиката на администрацијата на Трамп.
За време на изборната кампања и во текот на изборите, Трамп ја изрази својата намера да одржува добри односи со Русија и постојано го фалеше нејзиниот лидер.