Kristina Maslareviç
13 Јули 2016•Ажурирај: 14 Јули 2016
БЕЛГРАД (AA) – Претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ, кој се наоѓа во работна посета на Србија, се состана со претседателот на Владата на Србија, Александар Вучиќ, а за време на тој состанок заедно констатираа дека постои заемен интерес за унапредување на билатералните односи и посилна соработка на двете земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Службата за медиуми на премиерот на Србија, поради заемен интерес за унапредување на билатералните односи на двете земји, се очекува почеста размена на посетите на функционерите на Србија и Црна Гора.
За време на состанокот, Вучиќ и Вујановиќ разговараа за потребата за подобра сообраќајна и енергетска поврзаност на двете земји преку заеднички инфраструктурни проекти, а тоа би придонело на нивниот економски напредок.
Како што се наведува во соопштението, премиерот Вучиќ и претседателот Вујановиќ „ја истакнаа потребата за зачувување на регионалната стабилност и определеноста на Србија за напредокот на регионот на Западен Балкан".