Cüneyt Karadağ
01 Декември 2015•Ажурирај: 02 Декември 2015
БЕРЛИН (АА)- Портпаролот на германското министерство за надворешни работи Савсан Чебил изјави дека не постојат никакви документи кои би ги потрвдиле наводите на некои кругови дека Турција тргува со нафтата со терористичката организација ДАЕШ, но дека затоа постои сигурен документ дека сирискиот претседател Башар ал-Асад тргува со ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Чебил денеска на одржаниот редовен неделен брифинг во Медиа центарот во Берлин изјави дека е познато дека Асад купува повеќето од нафтата на ДАЕШ и дека за тоа постојат проверени докази и документи.
И портпаролот на германската влада Штефан Сеиберт рече дека се знае дека продажбата на нафтата е најважниот финансиски извор на ДАЕШ, но дека не постојат никакви докази за тврдењето дека таа нафта ја купува Турција.
Сеиберт нагласи дека таквите обвнинувања без дози не можат да бидат конструктивни и потсети дека е едногласна неопходноста во борбата за пресекување на финансиските извори и текови на ДАЕШ, што беше и еден од заклучоците на неодамна одржаниот Самит на Г20 во Анталија.