Selçuk Acar
17 Декември 2015•Ажурирај: 18 Декември 2015
ЊУЈОРК (АА) - Директорот на американското Федерално биро за истраги (ФБИ) Џејмс Комеј изјави дека терористичките закани од ДАЕШ во САД растат, предупредувајќи ја јавноста да биде подготвена, јавува Anadolu Agency (АА).
"Некои кругови се радикализираат и Американците мора да бидат будни. Терористите и нивните симпатизери имаат воспоставено систем на шифрирана комуникација. Ве молам да не им дозволиме на овие дивјаци да успеат во своите намери", изјави шефот на ФБИ Комеј за време на обраќањето на конференцијата во Њујорк, Менхетн на тема на борбата против тероризмот.
Истакнувајќи дека терористите на Ал Каеда не ги користеа социјалните мрежи и дека организираа поголеми напади, Комеј рече дека целта на ДАЕШ е токму преку социјалните мрежи да организира голема серија на помали напади низ светот.
Комеј тврди дека неодамнешните терористички напади во Калифорнија и заканите за напад во Њујорк и Лос Анџелес покажува дека терористите се се поголема закана за безбедноста на граѓаните.