Qays Abu Samra,Zeynep Tüfekçi
07 Јануари 2017•Ажурирај: 07 Јануари 2017
БЕТЛЕХЕМ (AA) - Првиот потпретседател на Владата на Србија и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ за време на посетата на Батлехем на Западниот Брег во Палестина, истакна дека неговата земја го поддржува дводржавното решение за да завршат тензиите помеѓу Палестина и Израел и да се воспстави мир на тоа подрачје, јавува Anadolu Agency (AA).
По состанокот, Дачиќ на конференцијата за медиумите во присуство на министрите за надворешни работи на Палестина Ријад Ал-Малики рече дека Србија е спремна да ги охрабри двете страни за да постигнат напредок на патот кон воспоставување на праведен и траен мир.
Истакна дека ја поддржува Палестина на меѓународно ниво.
Ал-Малики изјави дека напредокот на мировниот процес со кој би се постигло дводржавно решение зависи од напорите на меѓународната заедница.
„Од Израел не стигнуваат позитивни сигнали, а освен тоа, таа земја презеде напори за да не дојде до мировна конференција во Париз", рече Ал-Малики.
Дачиќ за време на посетата се состана и со палестинскиот претседател Махмуд Абас со кој разговараше за билатералните односи и најновите случувања во Палестина.